Париз е познат како град на светлината, но и љубовта. Над Сена се наоѓа мостот Понтс дес Артс, кој се смета за најромантично место во Париз, бидејќи паровите оставаат катанец на оградата во знак на љубов.
Мостот стана една од главните атракции на главниот град на Франција, на кој паровите оставаат катанци во знак на вечна љубов и според многумина е најромантично место во светот.
Со години оградата на мостот е преплавена со катанци, кои ги оставаат вљубените во целиот свет, а на нив ги ставаат своите имиња или пораки, кои само за нив имаат посебно значење.
Пешачкиот мост Понтс дес Артс е изграден во 1804 година. Обичај е паровите по заклучувањето на катанецот клучевите да се фрлат во познатата река Сена.
Освен што најчесто го посетуваат вљубените, на мостот постојано може да се сретнат и уметници, поради прекрасната глетка кон градот.