Столтенберг на средби со политичкиот врв

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, синоќа пристигна во Македонија по покана на премиерот Зоран Заев, a за денеска е предвидено да се сретне со повеќе високи претставници од земјава.

Агендата на Столтенберг започнува со средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по што Столтенберг ќе ја посети резиденцијата на претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Оттаму ќе се сретне со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, а од Министерството за одбрана брифираат дека пред генералниот секретар на НАТО ќе ги претстават реформите, како што се покачувањето на буџетот за одбраната 15 отсто од сегашниот и реформата на Владата за сукцесивно зголемување од 0,2 отсто на буџетот од 2019 за до 2024 година да стигне на 2 отсто од БДП. Од Министерството велат дека посета од овој тип се случува по една деценија.

По средбата со Шекеринска, Јенс Столтенберг ќе се сретне со собранискиот спикер Талат Џафери, по што ќе следува и официјално обраќање пред пратениците, а потоа и одвоени средби во законодавниот дом и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во 15 часот генералниот секретар на НАТО ќе биде пречекан во Владата со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува средба со премиерот Зоран Заев, па заедничка прес-конференција.

Последен генерален секретар што беше во земјата е претходникот на Столтенберг, Андерс Фог Расмусен, кој дојде во Скопје во 2014 година на крајот од својот мандат.

Г.Н.Р

Би можело да ве интересира

Романија предупредува на влошување на безбедносната состојба во Црното Море, бара поголема поддршка од ЕУ и НАТО

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори