ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев мора да одговори која е реалната цена на неговата компанија и за која цена се преговара

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Христијан Делев.

„Државата и државните интереси во Република Македонија се целосно узурпирани од корумпираната и расипничка врхушка на власт. Бизнисот и институциите се под невиден политички притисок од Зоран Заев. Тоа го докажува и паничната реакција на СДСМ со која пто се обидуваат да го покријат молкот на Кочо Анѓушев.

Анѓушев освен што е бизнисимен, во моментов е втор човек во владат и десна рака на Зоран Заев. Токму затоа изјавите на Кочо Анѓушев јавноста ги слуша со големо внимание. Јавноста се прашува дали е случајно што по лицитирање со името на државата од страна на Анѓушев неговата компанија стана предмет на интерес на грчкото електростопанство.

Кочо Анѓушев треба да одговори колкава е реалната вредност на фирмата што ја продава на грчката државна компанија. Со цел отклонување на сомнежот во јавноста дека можеби станува збор за зделка со која што би можело да се исплаќаат и одредени отстапки за промена на името.

Анѓушев мора да одговорат која е реалната цена на негоавата компанија, а која е цената за која се преговара. Ако за веродостоен го земеме податокот објавен во анкетниот лист на Анѓушев вредноста на неговата фирма изнесува 21 милион евра. Дали е ова цената по која истата ќе се продаде или истата е поголема и за која цел би биле исплатени повеќе пари.

Јавноста е загрижена од ситуацијата поради фактот што високи функционери на СДСМ во минатото му нуделе скапи подароци и награди на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Анѓушев мора да ги отстрани стравувањата на јавноста дека продажбата на неговата фирма е дел од зделката за промена на името на државата.

Во насока на транспарентност и информирање на јавноста за секој детал од овој горлив спор за граѓаните и Македонија, граѓаните мора да ги добијат овие одговори без разлика дали тоа им се допаѓа во СДСМ или не. Македонија не е приватна сопственост на Заев и Анѓушев“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ