Во Општина Илинден за Водици крстот ќе се положи во езерото на хотелот Белви

Од:

Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, ќе oрганизира положување на крстот во езерото на хотелот Белви, во населба Илинден, соопштија од општината Илинден.

„За таа цел се повикуваат граѓаните на ден 19.01.2018 г. (петок) со почеток во 12:00 часот, да присуствуваат на оваа манифестација и заеднички да го одбележиме овој голем ден за сите христијани“ се наведува во соопштението.

Сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“, во населба Илинден.

За најсреќниот учесник што ќе успее да го фати крстот, обезбедени се пригодни подароци.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он