Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска го предложи министерот за одбрана Михај Фифор за вршител на должноста премиер, откако досегашниот прв човек на Владата, Михај Тудосе вчера поднесе оставка.
– Посакувам брза процедура за избор на новата Влада, за да се избегне политичка нестабилност која би влијаела врз економијата, изјави Јоханис пред медиумите.