Скопјанец кој украл „ауди“ се бори за живот откако бил претепан од газдата

Од:

Четириесет и седумгодишен жител на скопското село Сарај се бори за живот откако вчера бил претепан од страна на сопственик на компанија за изнајмување на возила, од каде тој украл автомобил.

Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден, околу три часот попладне на крстосницата од улица „Црногорска“ и улица „Андон Папрадишки“ во Скопје, откако претходно Ф.А. одзел автомобил „ауди а6“ (сопственост на рента кар фирма), загубил контрола врз возилото и удрил во бетонски столб.

По незгодата, тој пеш се дал во бегство, но сопственикот на рента кар фирмата А.Н. (36) од Скопје успеал да го фати и физички го нападнал.

Притоа Ф.А. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар. Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и тој се наоѓа во животна опасност. За сообраќајната незгода увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. За бесправното одземање на возилото, како и за физичкиот напад, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по целосно документирање на случаите, информираат од полицијата.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби