Заев: Ваква игра води само напред, браво момци

Од:

„Нов натпревар, нова радост за Македонија на Европското првенство во ракомет. Тимската игра, поддршката од трибините и вечерашнава победа ни донесе сигурно место во наредната фаза. Ваква игра води само напред, браво момци“, напиша премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа „Фејсбук“ честитајќи ѝ ја втората победа на ракометната репрезентација на Македонија.

Македонските ракометари ја совлада Црна Гора со 29-28 во рамки на второто коло од групата Ц и се пласираше во главната фаза од Европското првенство. Со вчерашната победа нашата селекција е на првото место во својата група со максимални четири бодови.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со силна волја и пожртвуваност сè е возможно и достижно

Ана Ололовска