Пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби истакна дека тие даваат поддршка за затворање на сите отворени прашања кои што Република Македонија ги има со соседите.
Груби побара поголема посеветеност и на решавање на спорот за името со Грција.
– Сите ние од ДУИ, од Албанската етничка заедница а несомнено и другите етнички заедници даваме поддршка за затворање на отворените прашања со нашите соседи, особено со соседите бидејќи преку храбри чекори ги остваруваме очекувањата на граѓаните. Ги охрабруваме министерот за надворешни работи, и реформската влада и парламентарното мнозинство, истовремено со затворање на ова прашање, исто со толкава посветеност да го затвориме прашањето со нашиот јужен сосед, бидејќи 2018 година треба да биде посветена на аспирациите на Македонија за рамноправно членство нво ЕУ, изјави Груби.