Ноќта меѓу петокот и саботата засега непознати сторители насилно влегле во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово и одзеле картонски кутии во кои имало пари.
Како што соопшти МВР, на 12 и 13 јануари во време од 16 до 7 часот во Тетово во соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ лоциран на ул.„Гоце Делчев“, непознати сторители скршиле дел од дрвената влезна врата од црквата и со употреба на тврд погоден предмет отвориле две дрвени каси, од кои одзеле картонски кутии во кои имало пари.
Причинета е материјална штета од околу 12.000 денари, а СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на настанот.