ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе го качи јавниот долг на Македонија над 50 отсто

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение, реагира на денешната прес-конференција на министерот за финансии, Драган Тевдовски.

„СДСМ економски ќе ја уништи Република Македонија.

Нивната неспособност и расипништво ќе го плаќаат граѓаните долго време по заминувањето на оваа катастрофална гарнитура на власт.

СДСМ ќе го качи јавниот долг на Република Македонија над 50 %, а самите тие велеа дека земјата е пред банкрот уште кога долгот надмина 40% во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Од нова година до сега, за неполни две недели, тајно, зад затворени врати, црното економско трио на СДСМ Заев, Тевдовски и Анѓушев ја задолжија државата за преку 570 милиони евра. За само 12 дена секој граѓанин во Република Македонија, благодарение на СДСМ должи нови, приближно 300 евра. Заев, Тевдовски и Анѓушев на едно четиричлено семејство за нова година му подарија нов долг од приближно 1 200 евра.

Најпоразително е тоа што нови капитални инвестиции нема, освен оние кои беа предвидени од ВМРО-ДПМНЕ. Владата на СДСМ се задолжи за над половина милијарда евра без реална потреба. Со задолжувањето ќе го покриваат огромниот буџетски дефицит, на најголемиот и расипнички буџет во историјата на државата, во кој нема пари за покачување на пензиите, социјалната помош, но нема пари ни за нови капитални инвестиции.

Владата на СДСМ од своето доаѓање до денес ја задолжи државата за неверојатни 1.3 милијарди евра. 1.3 милијарди евра, пари кои ќе ги враќаат идните генерации, без државата да има реален бенефит.

Додека државата неосновано се задолжува, стопирана е и реализацијата на тековните проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Застанаа со градба автопатиштата, нема пари за зголемувањата на пензиите и социјалните трансфери, нема пари за нови енергетски капацитети.

Лицемерието на СДСМ е евидентно за граѓаните. СДСМ до пред една година го напаѓаа секое задолжување на владата на ВМРО-ДПМНЕ, задолжувања кои беа за реализација на нови проекти, за сега истите тие кои критикуваа задолжувања заради развој да се задолжуваат без реален основ.

Владата знае дека граѓаните не го одобруваат ова задолжување. Токму затоа се обиде да го прикрие, со објавувањето на одлуката за еврообврзница во службен весник во екот на новогодишните празници“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ