Снема струја на најголемиот саем за електроника и технолошки иновации во светот

Од:

Посетителите на најголемиот саем за електроника и технолошки иновации, кои секој јануари се одржува во Лас Вегас, ги изненади снемувањето на струја, поради што поголемиот дел од Конгресниот центар остана во мрак.

Поради снемувањето струја евакуирани биле и делови од центарот, кој што се простира на површина од три милиони квадрати, а пристапот до локација бил ограничен.

Организаторите наведоа дека ја контактирале електродистрибутивната компанија, а електричната енергија во објектот била вратена по два часа.

Се уште не се знае причината за снемувањето на струја, а се претпоставува дека причина за тоа е силниот дожд.

Десетици новинари во прес-салата седеа во мрак, а просторот го осветлуваа само екраните на лап-топите и паметните телефони.

На саемот за технологија оваа година преовладуват роботи, дронови и паметни уреди.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас