Дарко Костадиновски e избран за нов уставен судија со 66 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“. Во салата се присутни 69 пратеници и Собранието има кворум за носење на законите.
Освен Костадиновски, судија во Уставниот суд ќе биде и Осман Кадриу.
Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од областа на меѓународното право. Како предлог за уставен судија, Костадиновски доаѓа од местото државен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
Кардиу пак, има повеќедецениски стаж во областа на правните науки како судија во Општинскиот суд во Кичево, член на Републичкиот судски совет и адвокат. Повеќе од десет години, д-р Кадриу бил ангажиран како професор на Правниот факултет на државниот универзитет во Тетово во граѓанско-правната област.
Новоизбраните судии во Уставниот суд дадоа и свечена заклетва за совесно и достоинствено извршување на функциите.
К. Ландов