„Нека овој ден биде поттик за единството, сполотеност и верба дека доброто ќе го победи злото, љубовта ја победи омразата, помогната од молитвите кон Бога.
Им го честитаме рождеството Христово на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА и целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед.
Обединети за Македонија воедно сака да ја искаже својата поддршка во негувањето на традицијата и демохристијанските вредности на православието.
Христос се роди“ се вели во честитката на Обединети за Македонија.