Од денеска дизел горивото чини 58,5 денари, што е за 3,5 денари повеќе од претходно, по зголемувањето на акциза на енергенсот од страна на Владата.
Зголемувањето на акцизата беше најавено на почетокот на ноември при презентацијата на предлог буџетот за 2018 година. Тогаш министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека поскапувањето на дизелот нема да предизвика раст и на цените на другите производи.
Тој појасни дека зголемувањето на акцизата ќе придонесе за намалување на загадувањето, бидејќи ќе ги дестимулира граѓаните да возат дизел возила, кои важат за значителни загадувачи.