Исцелител ќе биде премиерно прикажан во 14 европски земји за новогодишната ноќ

Од:

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески премиерно ќе се емитува за Нова година на престижниот филмски канал Cinemax 2 од семејството на HBO канали. Филмот од 31 декември ќе биде достапен и во понудата на HBO стриминг услугата на видео на барање – HBO GO.

Филмот „Исцелител“ во ударниот термин од 20:30 часот на новогодишната ноќ, освен во Македонија, ќе се емитува низ цела централна Европа, односно во: Чешка, Словачка, Унгарија, Полска, Романија, Молдавија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Со ова голем број на гледачи низ Европа ќе се запознаат со дебитантскиот филм на режисерот Ѓорче Ставрески.

Со новогодишното прикажување на „Исцелител“ продолжува серијата успеси и остварувања на филмот. Претходно „Исцелител“ ја освои наградата на публиката на Солунскиот филмски фестивал (прва во македонската историја), специјалната награда за сценарио на Фестивалот на медитерански филм во Брисел, а доби и фантастични рецензии во речиси сите филмски списанија како „Варајети“, „Скрин Дејли“ и „Холивуд Репортер“ каде дури беше предложена и идејата да се направи американски римејк на филмот.

„Исцелител“ веќе шеста седмица се прикажува во кината Синеплекс и Милениум, а ја имаше и својата премиера во Битола и Штип.

Ова е првиот македонски филм кој е дел од понудата на видео стриминг услугата HBO GO.

Би можело да ве интересира

„Исцелител“ не влезе во трка за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје

Наум Локоски

„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески – македонски кандидат за Оскар

Ана Ололовска

„Тајната состојка“ на „Исцелителот“ откриена во Атина

Наум Локоски

„Исцелител“ ќе се натпреварува на филмскиот фестивал „Let’s CEE“ во Виена

Наум Локоски

„Исцелител“ во официјална конкуренција на филмскиот фестивал во Кливленд

Наум Локоски

„Исцелител“ се закити со награди во Обањ и во Рим

Наум Локоски