При обид за вооружен грабеж, ранет домаќинот

Од:

Гостиварец синоќа се здобил со прострелана рана при обид за грабеж во неговиот дом, информираат до СВР Тетово.

Три непознати лица од кои едното вооружено со пиштол, со маски на лицата, синоќа околу 20 часот и 40 минути, извршиле разбојништво во куќата на Р.Е (67), лоцирана на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар.

Откако заsвониле на вратата, мислејќи декa е синот, Р.Е. се упатил кон влезната врата, а тогаш едниот од нив се втурнал во него и со тупаница го удрил по лицето, од што паднал. Набрзо станал и се обидел да им пружи отпор. Еден од разбојниците кој бил вооружен, испукало еден куршум и го погодило во десната нога, нанесувајќи му прострелна рана.

Повредениот Р.Е. е пренесе во гостиварската болница, укажана му е лекарска помош и префрлен е на скопските клиники.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар извршиле комплетен увид и се превземаат активности за расветлување на разбојништвото.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра