Некогашниот висок преставник на меѓународната заедница во БиХ, Волфганг Петрич, во интервју за агенцијата Анадолија, изрази загриженост за иднината на БиХ.
Петрич вели дека не верува дека во БиХ ќе има нова војна.
„Од војниот конфликт, поопасна е економската пропаст, тоа што луѓето губат надеж за подобар живот. Невработеноста не се смалува, економската и социјална слика е мрачна“.
Токму сиромаштвото може да ги иницира луѓето на побуна, смета Петрич.
Кризата се чувствува во цела Европска Унија, вели тој, но најмногу се рефлектира на сиромашните држави, каква што е Босна. А Балканот, според него, одамна не е во фокусот на челниците на ЕУ, кои се занимаваат со своите проблеми. Членството на БиХ во НАТО е од стратешко значење, но тоа нема да ги реши клучните проблеми.
„Сигурносната состојба е лоша. Клучната работа која Босна може да ја добие од НАТО е чувството на безбедност, бидејќи Европа и САД не би дозволиле евентуален потенцијален судир, да прерасне во воен конфликт. Но, војната помош на НАТО нема да помогне, ако итно не се направи нешто за развој на економијата“, вели Петрич.
Тој смета дека Босна е жртва на европските поделби.
Инаку овој австриски дипломат, актуелен амбасадор на Австрија во Организацијата за економска соработка и развој, беше претставник на меѓународната заедница во БиХ, од 1999 до 2002 година.
Емица Ниами Налбантиќ