Вo турските универзитети има многу случаи на корупција

Од:

Во турските универзитети има многу случаи на корупција, открива турската хакерска група „Црвените хакери“ (Редхак), која неодамна изрши кибер напад врз сајтот на турскиот Совет за високо образование, објави весникот „Хуриет“.

Хакерите добиле пристап до над 60.000 документи, меѓу кои информации за банкарски сметки, кореспонденција меѓу Советот за високо образование и универзитетите, како и извештаи за стотици истраги за корупција во високите школски институции.

Во еден од случаите на корупција ректорот на универзитетот Ферат (во градот Ељазаг, Источна Турција) добил автомобил „Ауди“ од банката Вакефлар, во која се пренесувале партиципациите на студентите.

Групата „Црвени хакери“, која е поврзана со меѓународната хакерска група „Анонимуси“, стана позната по кибер нападите во февруари 2012 година на Дирекцијата за безбедност во Анкара.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски