Дедото на близнаците Тео и Тони од 1. јануари започнува со работа

Од:

Веле Зафировски, дедото кој се грижи за напуштените близнаци, Тео и Тони, Новата година ќе ја започне на ново работно место. Општина Аеродром и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ успеаа да најдат начин да му помогнат на семејството Зафировски.

Близнаците Тео и Тони напуштени од родителите живеат без основни услови за живот

Веле од самиот старт на новата година ќе се грижи за зеленилото во населба Долно Лисиче каде и живее. Понудата од општина Аеродром, Веле со отворено срце ја прифати и е пресреќен поради новото работно место.

Донациите за Тео и Тони пристигнуваат, но уште се без тоалет и струја

-Презадоволен сум, им благодарам на луѓето од општина Аеродром кои ми ја најдоа работата, а Ви благодарам и на вас како медиум што ни помогнавте за нашата мака да дојде до граѓаните и да ни помогнат за колку толку да имаме основни услови за живот, вели Зафировски.

Близнаците Тео и Тони за прв пат ќе имаат тоалет

Инаку, старата трансакциска сметка на Веле повеќе не е во функција, доколку сакате да донирате за семејството Зафировски тоа може да го сторите на следната банкарска сметка:

Стопанска банка
Веле Зафировски
200003258978056

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Близнаците Тео и Тони новата година ја дочекаа во темница: Сега е добро, во 2018 да биде подобро

Ана Ололовска

Семејството Зафировски има долг за струја од 531.922 денари

Ана Ололовска

ВИДЕО: Донациите за Тео и Тони пристигнуваат, но уште се без тоалет и струја

Наум Локоски