Пратениците денеска во рамки на 26. седница ја почнаа расправата по Дополнетиот предлог на Буџет за 2018 година.
Дополнетиот предлог буџет за 2018 година беше на дневен ред закажан минатата недела, но поради објективни причини седницата беше презакажана за денеска. На седницата, како што најави, не учествува опозицијата.
Во Дополнетиот предлог буџет кој го испрати Владата, прифатени се амандмани од комисиската расправа во македонското Собрание и со нив направени се зголемувања на финансиските средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, кај блок дотациите за градинки, основни и средни училишта и културни установи за 200 милиони денари, кај Фондот за здравство за 100 милиони денари и кај Инспекторатот за животна средина за 10 милиони денари.