„Стандард енд Пурс“: Лани почнале да се прават позитивни чекори во еврозоната

Од:

Меѓународната агенција за проценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд Пурс“ во извештајот под име „Должничката криза во еврозоната 2013“ нагласи дека во втората половина од 2012 година се случиле позитивни промени и дека оваа година може да биде пресвртница за еврозоната.

– Оваа година може да биде пресвртница за должничката криза во еврозоната. Во монетарната унија повеќе од три години, посебно во перифериските земји, владееле економски и финансиски проблеми. Но во втората половина од 2012 година се случиле позитивни промени, се наведува во извештајот.

Агенцијата верува дека државите би можеле да ги стабилизираат јавните долгови и да ги малат надворешните, и на тој начин да постигнат ребаланс.

– Затоа на Европа и се потребни дисциплинирани и чувствителни мерки. Веруваме дека европските политичари работат на потребната инфраструктура за подобрување, соопшти „Стандард енд Пурс“.

Би можело да ве интересира

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Муртезани: Одличен е моментот како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во ЕУ

Горан Наумовски

ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

Горан Наумовски

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил