Во Кина регистрирани 435.000 легитимни патенти

Од:

До крајот на 2012 година Кина имала 435.000 легитимни патенти (не сметајќи ги оние од Хонгконг, Макао и Тајван), што претставува просек од 3,23 патенти на секои 10.000 Кинези.

Овие податоци од состанокот на шефовите на провинциските и градски бироа за интелектуална сопственост од сите краеви на Кина ги пренесе Кинеското радио интернасионал (КРИ).

Властите на Кина во 2011 првпат го ставија показателот за патенти во Петгодишната програма за национален економски и општествен развој (2011-2015), во кој е изнесена целта дека бројот на патенти на 10.000 Кинези до 2015 да достигне 3,3 парчиња.

Државниот завод за заштита на интелектуалната сопственост во 2012 година одобри 1,26 милиони патенти за домашни и странски подносители на барања, што, според податоците на заводот, е за 31,25 отсто повеќе во однос на претходната година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски