Украден накит вреден 3.000 евра од куќа во Гостивар

Од:

Непознати сторители провалиле во куќата на гостиварецот Ф.Ј. (45) и одзеле повеќе парчиња накит со вредност од околу три илјади евра.

Според СВР Тетово, кражбата се случила вчера во куќа на улицата „Никола Парапунов“ во Гостивар, помеѓу 11 часот и 30 минути и 23 часот и 30 минути. Провалниците, откако насилно го отвориле прозорецот во приземјето, влегле внатре, целосно ги пребарале сите простории и од спалната соба одзеле повеќе парчиња разновиден златен накит (ѓердани, прстени, обетки) и бижутерија, а потоа незабележани ја напуштиле куќата.

Според пријавителот, вкупната вредност на ограбениот накот 180 илјади денари, додека причинетата материјална штета изнесува 20 илајди денари.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот и за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби