До 25 декември трае рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за органско производство, како и за аплицирање за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети и винско грозје во регистрирани капацитети за прозводство на вино во Република Македонија.
Според Платежната агенција, барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Детални информации може да се добијат во подрачните единици на МЗШВ и на веб страницата www.ipardpa.gov.mk.