Денеска во Букурешт се одржаа протести против одлуката на романскиот Парламент за измена на законите за судството, обвинителството и за антикорупцијата.
Претходно во Долниот дом на Парламентот со големо мнозинство беа одобрени закони од страна на партениците од владејачката Социјалдемократска партија (ПСД) и коалициските партнери.
Гласањето беше закажано за утре, но пратениците решија да гласаат денеска, веднаш по комеморативната седница по повод смртта на последниот романски крал Михаил Први.
Законите сега треба да бидат доставени на усвојување во Сенатот.