Американка живее со 40 свињи

Од:

Флоренс Грубер која го дели домот со 40 свињи, принудена е да се исели од куќата во Вермонт (Есекс) поради жалбите на гневните соседи, пишува „Бурлингтон фрее прес“.

Флоренс која живее со партнерот Алан Тсефрекас, рече дека свињите се нејзини домашни миленици, но градските власти не се согласуваат со тоа и ги карактеризираат како добиток и забрануваат нивно чување во куќата.

Грубер признава дека има премногу животни и дека од некои мора да се раздели.

– Никогаш не ми била намерата да имам толку голем број, рече таа за локалниот печат. – Сакав да одгледувам нешто мало, но што не прави врева како кучињата. А свињите се мирни, тивки и многу мили. Како деца. Само треба да ги третирате како членови на семејството.

Флоренс вели дека нејзините животни се многу паметни и забавни. – На луѓето треба да им се советува да земат свињи а не антидепресиви.

Иако животните знаат каде треба да вршат нужда, неколку соседи се жалеле на смрдеа и на естетскиот изглед на куќата.

На градската седница каде се расправаше за овој случај, Брајан Маркоти, потпретседател на Здружен ието на сопственикот на куќата во Пајнвуд Менор, рече дека животните мораат да бидат отстранети поради соседите.

Ова не е првпат Грубер да има проблем заради своите миленици. Таа се пресели од Њу Џерси после судската одлука дека таму свињите не се дозволени, но погрешно помисли дека ќе може мирно да живее со нив во Есекс.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските