Оружен грабеж на банка во Струга

Од:

Непознато лице вчера извршило оружен грабеж на банка во Струга. Според СВР, одземени се 60.000 денари, а разбојништвото е пријавено околу осум часот утрото.

Сторителот со спортска капа на глава и пиштол во рака, влегол во експозитура на „ТТК“ банката на улицата „Пролетерски бригади“, се приближил до шалтерот и пиштолот го вперил кон вработената службеничка. Од неа побарал во најлон кесата што ја имал да ги стави парите, по што излегол низ влезната врата и се изгубил во непознат правец.

На лице место е извршен криминалистичко-технички увид под водство на Јавен обвинител и полициски екипи.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра