Тридневна жалост во Романија поради смртта на кралот Михај

Од:

Поради смртта на поранешниот романски крал Михај, кој што почина денеска во својата резиденција во Швајцарија, романската влада утре ќе ја одобри одлуката за прогласување тридневна национална жалост.

Денеска романската влада одржа техничка седница во врска со организацијата на погребот и други активности во чест на поранешниот монарх.

Се очекува посмртните останки на кралот Минхај да пристигнат во Романија на 13 декември.

– Ние секогаш ќе ја чувствуваме загубата, а уште повеќе следната година кога ќе ја одбележиме стогодишнината од Големото обединување во 1918 година, момент што е од особена важност за нашата нација, истакна премиерот.

Претседателот Клаус Јоханис изјави дека кралот Михај целиот свој живот го поминал во служба на земјата и дека својата должност ја извршувал со достоинство и одговорност до самиот крај.

– Денеска народот е во жалост, голем државник и голем Романец си замина, и со длабока болка и тага ја примив веста за смртта на Неговото Височество, кралот Михај Први. Речиси вековното патување на последниот суверен на Романија завршува тука, напиша претседателот на Фејсбук.

– Земјата го загуби кралот Михај Прва. Повеќе од девет децении, тој сите свои сили ги даде на Романија, со посветеност и трпеливост., се наведува во соопштението од престолонаследничката Маргарета.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски