Седницата на Комисијата за финансирање и буџет продолжува утре

Од:

Утре ќе продолжи седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која што се расправа за предлог-буџетот за 2018 година.

Откако претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ повторно го одложи закажаното продолжение на седницата, претседателот на Собранието Талат Џафери го овласти Васко Ковачевски од СДСМ да претседава со Комисијата.

Општиот претрес не го следат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Расправата за предлог-буџетот за 2018 година во Комисијата за финансирање и буџет започна на 27 ноември, а според собранискиот деловник таа трае 10 работи денови, по што предлогот се става на пленарна седница каде што се расправа пет работни денови.

Седниците на Комисијата беа закажани неколку пати, но не се одржаа во текот на изминатата недела по приведувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поради случувањата во Собранието од 27 април.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година