Крадци влегле во куќа во Чаир, го нападнале сопственикот

Од:

Четири непознати маскирани лица со закана и со пиштоли синоќа околу 20 часот влегле во куќата на Б.С. (24) на улицата „Менделеева“ во Скопје.

Како што информира денеска МВР, крадците го врзале Б.С., го удриле со пиштолот во главата, по што извршиле пребарување низ куќата. Пред полициските службеници Б.С. изјавил дека не може да каже дали и што му било одземено.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма