„А1 ја затворија, МТВ е се освен јавен сервис, Канал 5 и Сител се тоа што се, Алфа за жал веќе се претвора во она од што сите стравувавме. Затоа новинарите од МТВ, од Сител, Канал5 на 24-ти декември не видоа и збор не кажаа дека нивните колеги се влечени и исфрлени од собранието”, рече Катерина Цаневска Арсовска, новинар во А1он.
И бидејќи, рече, реалните вести нема да ги слушнете, вечерва еве како би изгледале вести кога А1 би постоела а МТВ би била вистински јавен сервис. Повеќе од видеото.