Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 11 часот треба да ја продолжи седницата на која ќе се расправа по Предлог-буџетот за 2018 година.
Оваа седница почна во понеделникот, а во вторникот беше најавено нејзино продолжение, но по информациите за приведување за настаните од 27 април во Собранието, беше откажано. Не беше одржано и продолжението најавено за вчера.
Општиот претрес по предлогот според Деловникот трае 10 работни денови. По предлогот се поднесени 279 амандмани.