Одложена расправата по предлог-буџетот за 2018-та

Од:

Собраниската Комисија за буџет и финансирање која беше закажана за во 11.00, часот и денеска не започна со работа.

Иако, расправата беше претходно најавена и требаше да продолжи денеска, претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска, ја одложи, откако не се појавија дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Неприсуството членовите на комисијата е во знак на револт и поддршка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои беа приведени за насилствата од 27 април.

Од Собранието, за сега нема инфорамција, кога Комисијата за буџет и финасирање ќе биде презакажана и ќе продолжи да расправа по предлог-буџетот за 2018-та.

Инаку, Комијата за буџет почна да расправа во понеделникот, но нејзината работа прекина наредниот ден кога започна акцијата за привдедување на групата осомничени, меѓу кои и пратеници за настаните од „крвавиот“ четврток.

Согласно Деловникот, Комијата по предлог-буџетот треба да расправа 10 дена. Во тој период треба да ги разгледа и поднесните 279 амандамни.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година