Адвокатот и поранешен јавен обвинител Алекснадар Наков изјави дека не им е повредено правото на имунитет на пратениците кои вчера по извршен претрес во нивните домови се приведени на распит во Кривичниот суд.
Според Наков, не било потребно одобрение од Собранието за нивно приведување затоа што тие се сомничат дека директно се инволвирани во кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за кое се предвидени не пет туку десет години затворска казна.
„Можеби притворањето за очите на народот е непопуларно, но така е секаде во светот.Се притвараат луѓе и во пижами.Конкретно за пратениците ако го земеме предвид членот 64 од Уставот, може да кажеме дека не е повредено нивното право затоа што во мое длабоко убедување станува збор за кривично дело ‘инфлангранти’.Инфлагранти значи дека тие се директни учесници во кривично дело кое се предвидува казна од најмалку 5 години затвор.Дека тие беа инфлагранти во случјот, сведочат снимките од собраниските камери и очите на целата јавност пред која беше прикажано однесувањето на пратениците на кричнииот ден“, објаснува Наков.
Сепак, претседателот на Собранието по приведувањето на пратениците, реагираше и изјави дека народните избраници не може да биде лишени од слобода без одлука на судот, односно без тој да биде информиран и без дозвола на Собранието.
Инаку, адвокатот Наков рече дека имунитетот не е олиснителна околност при споведувањето на судската постапка, односно и да се повикаат на него тоа не ги амнестира од одговорност , ќе им се суди како и на сите други граѓани.
Тој, очекува дека за осомничените од 27 април ќе спроведе фер постапка, во која организаторите на немилите настани ќе ги добијат казните согласно со законот.