(ВИДЕО) Наков: Кривична пријава против функционери од минатата власт за концесии на рудниците „Казандол“ и „Иловица“.

Од:

Рудникот „Казандол“ е на само 2 километри од Валандово и не е единствен кој треба да се гради таму. Постојат уште два, „Плавуш“ и „Башибос“, места од каде градот директно се снабдува со вода за пиење. Издадени се 22 концесии за детални геолошки истражувања од кои 4 се веќе со концесија за експлоатација и без искучок сите се врз главните извори на вода за пиење и вода за снабдување на земјоделието, рече Ангел Наков од гевгелиското здружение „Спас за нас“.

-Ние до Јавното обвинителство на РМ покренуваме кривична пријава, имаме основано сомнение за сторени кривични дела во низ на огромен број функционери од минатата власт повразни со концесиите за рудниците, вели Наков при што обвини дека оценката за изградба на „Казандол“ е фалсификувана.

Според него, граѓаните од источна и југоисточна Македонија се вознемирени и се плашат за својата иднина од, како што го нарече, налудничавиот процес за претварање на половина држава во рударска земја.

-Постојат сериозни прашања со кои сериозно се загрозува здравјето на граѓаните. Концентрационите логори на Хитлер делувале посимпатично од овој амбиент во Македонија, вели Наков.

Активистот за здрава животна средина апелира до политичарите, посебно до премиерот Зоран Заев и претседателот на РМ, Ѓорге Иванов да се ангажираат и да покажат дека водат сметка за здравјето на граѓаните.

-На премиерот Заев, кој е родум од Струмица, над главата треба да му се градат рудниците „Иловица“ и „Боровдол“. 40 милиони кубици земјиште на кое треба да се работи земјоделие и кое треба да биде снабдувано со вода, ќе се отвара рудник. Исто така и во Валандово, родното место на претседателот Иванов каде се отвара рудникот „Казандол“ со сулфурна киселина на 1500 хектари односно 3 илјади фудбалски игралишта или 5 површини на Скопје. Доколку политичарите не водат сметка за родните места, како ќе докажат дека водат сметка за целата држава, вели Наков.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Наков: Илиевски со својот говор на 27 април не ги повикува граѓаните да влезат во Собранието

Наум Локоски

(ВИДЕО) Наков: Не им е повредено правото на имунитет на пратениците при претресот во нивните домови

Наум Локоски