Во акција на турските разузнавачки служби во Судан е уапсен Мехмуд Чакмаз, кој е осомничен дека е водечки финансиер на организацијата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен.
Турските и суданските безбедносни служби соработувале во апсењето на Чакмаз и неговата екстрадиција во Турција, јави агенцијата Анадолија.
Не е наведено кога се случило апсењето на Чакмаз. Според Анадолија, турската служба МИТ формирала посебна екипа за апсење на соработниците на Ѓулен, кои живеат во странство.