Кинези протестираат поради цензурирање на либерален весник

Од:

Поголем број читатели на еден од најлибералните кинески весници протестираа денеска пред влезот на зградата на овој печатен медиум, во редок протест поради цензура, истовремено поддржувајќи го и невообичаениот штрајк на новинарите против мешањето на провинциските власти во пишувањето на весниците.

Протестот во Гуангџоу, главниот град на просперитетната и развиена провинција Гуангдонг, започна по судирот меѓу власта и новинарите околу слободата на медиумите. Набљудувачите ова го доживуваат и како проба за приврзаноста кон реформите на новиот шеф на Комунистичката партија Сји Ѓинпинг.

Незадоволството изби кон крајот на минатата недела по соопштението дека новинарите на влијателниот весник „Неделник на југот“ ги обвинија цензорите дека пораката на весникот до читателите пред Нова Година, со која се барало воведување уставна власт, ја замениле со текст за достигнувањата на партиското раководство.

На различни сајтови денеска се појавија неколку писма во кои се бара од шефот за пропаганда на провинцијата Гуангдонг, Туо Џена да поднесе оставка.

Демонстрантите, главно млади луѓе, поставија транспаренти на кои пишуввало „Слободата на изразување не е злосторство“ и „Кинескиот народ сака слобода“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски