Петерле: Добро е сите политички лидери да делат иста европска амбиција

Од:

Словенечкиот европратеник и претседател на делегацијата на ЕП за Македонија, Алојз Петерле во разговор за МРТ се осврнува на актуелната ситуација во Македонија, со порака до македонските политички лидери да делат иста европска амбиција и оти посакува македонската политика да демонстрира единство за патот на Македонија кон ЕУ.

Словенечкиот европратеник и копретседател на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија-ЕУ, што треба наскоро да одржи состанок, вели оти се надева дека ќе се исполнат сите услови за негово одржување.

Во однос на политичката ситуација во земјава, Петерле вели дека има извесна стабилизација на истата, но тешко е да се каже дали Македонија е сосема излезена од кризата.

– Многу нешта се променија, надежта е дека Македонија ќе тргне наред и оти отворените проблеми ќе започнат да се решаваат, вели Петерле.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска