Ракометарите на Металург со пораз се поздравија од домашните навивачи во групната фаза од Лигата на Шампионите. Попладнево тие загубија од Мотор Запорожје со 30-22.
На полувремето македонскиот вицепрвак губеше 16-12, откако гостите рано се одлепија. Во шестата минута имаа четири гола предност.
Во редовите на Металург најефикасен беше Дарко Димитриевски со пет гола, а втор беше Халил Јагањац со 4.
Табела: Монпелје 16 бодови, Мотор Запорожје 13, Бешикташ 7, Спортинг 6, Чеховски Медведи 7 и Металург 5.