ВМРО-ДПМНЕ: Проектот „Млад земјоделец“ е воведен од ВМРО-ДПМНЕ уште во 2012 година

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев за мерката „млад земјоделец“

„Владата на СДС во недостиг на идеи и проекти ги краде проектите на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги нема проектите за млади кои ги ветуваше владата на Зоран Заев, а сега без тронка срам ги копираат добрите мерки и проекти од ВМРО-ДПМНЕ.

Проектот „Млад земјоделец“ со кој се фали владата на СДС дека ќе доделуваат грантови по 10.000 евра за младите земјоделци е воведен од владата на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2012-та година, и до 2016-та година се обезбедени 1.5 милиони евра за младите земјоделци.

Токму за истиот проект претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше доста критикувана од страна на СДС.

Колку се грижи СДС за младите покажува и фактот што за следната година ги скратија субвенциите за земјоделците.

Граѓаните на Република Македонија го видоа вистинското лице на СДС за овие 6 месеци, затоа време е оваа влада да ги засука ракавите и да почне да работи во подобрување на животот на народот преку сопствени мерки и проекти“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ