Барселона победи на гостувањето кај ППД Загреб

Од:

Ракометарите на Барселона по двете кола без победа, синоќа остварија триумф во првиот натпревар од 9. коло од А групата од Лигата на шампионите, откако на гостински терен го совладаа хрватскиот првак ППД Загреб со 32:24 (16:11).

Каталонците до триумфот стигнаа откако имаа водство во текот на целиот натпревар, додека Загреб предводен од новиот тренер Златко Сарачевиќ само на почетокот на вториот дел внесе неизвесност во натпреварот откако намали на 18:20.

Најефикасни кај Барселона беа Дика Мем и Валеро Ривера со по 7 голови, додека кај Загреб Жарко Марковиќ постигна 6. Македонскиот репрезентативец, голманот Борко Ристовски остана на клупата, а целиот натпревар на голот беше Гонзало Перез де Варгас.

На чело на табелата во група А е европскиот првак Вардар со 15 бодови, Барселона се проби на второто место со 12, Рајн Некар Левен и Нант имаат по 11, Пик Сегед 9, Кристијанштад 4, а Загреб и Висла по 2.

Во рамките на 9. коло Вардар в недела од 19 часот гостува кај германскиот првак РНЛ, кој вчера во натпревар од Бундес лигата загуби од Гепинген (28:26) и е во серија од четири натпревари без победа во сите натпреварувања.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска