До крајот на следната година ќе се одржат парламентарни избори во Палестина, соопштија сите групи кои што учествуваа во преговорите во Каиро.
Датумот на одржување на парламентарните избори ќе го определи палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Преговорите започнаа вчера во Каиро под покровителство на Египет, а покрај спротивставените палестински движења Фатах и Хамас учествуваа уште 12 други.