Седмиот циклус на Глобалната анкета за дроги почна да се спроведува онлајн, а податоците се исклучително важни за натамошното планирање на политиките за дроги и нивно воведување во практика, соопштија од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот.
Анкетата e достапна на повеќе јазици, меѓу кои и на српски, романски и турски јазик. Од Здружението ги повикуваат граѓаните на возраст од над 16 години да ја пополнат анкетата за да се добијат податоци за употреба на дроги во Македонија.
Анкетата, која е анонимна и дискрецијата е загарантирана, се спроведува секоја година со намера да се опфати целиот свет. До анкетата може да се пристапи преку линкот https://www.globaldrugsurvey.com/