„Расипничката и неодговорна влада на СДС денес ја задолжи државата за нови 31.5 милиони евра.
Владата прекумерно се задолжува, неплански и безпотреба. На денешната аукција за задолжување било најавено задолжување од 17 милиони евра, но на владата очигледно не и биле доволни овие пари па се задолжиле двојно повеќе, од првично предвиденото.
Владата до сега државата ја задолжи за над 610 милиониони евра, а со ова задолжување долгот се искачува на енормни 630 милиони за само 6 месеци од управувањето на СДС со државата.
630 милиони евра, пари кои утре сите ние заедно и нашите деца треба да ги враќаме со каматa, а ниту една реализирана капитална инвестиција, запрени проекти и кратења на парите од буџетот за образование, здравство и инфраструктура.
СДС мора веднаш да им одговори на граѓаните на што ги потроши овие 630 милиони евра пари на граѓаните. СДС мора веднаш да запре со ова неодговорно и непотребно задолжување.
Ваквото расипништво со кое СДС планира да продолжи и во иднина догодина ќе значи нови скоро 1 милијарда евра долг и надминување на државниот долг на границата од 50%, ниво на долг кое тешко се сервисира и и штети на економијата во целост.
СДС мора веднаш да запре со ова лудило. СДС не смее да остава товар на уште неродените генерации“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.