(ВИДЕО) Затуроска: Тевдовски и Заев ја презадолжуваат и раскрчмуваат државата

Од:

„СДС ги излажа и домашните компании. Пред парламентарните избори ветуваа 140 милиони евра за поддршка на домашните компании, за микро, мали и средни претпријатија за да има повисоки плати и нови работни места. Од 140те милиони поддршка за домашните компании ниту трага ниту глас. Остана само една огромна лага.

СДС ветија во само првите 100 дена план за распределбата на парите, кредитирање од 15.000 евра за отворање нови фирми, овозможување паричниот влог да е 1 евро за секоја фирма, а од доаѓањето на власт поминаа 6 месеци и се уште ништо не е реализирано.

И не само што немаат реализирано ништо од тоа, туку и за наредната година во Буџетот немаат предвидено 140 милиони евра за домашните компании.

Наспроти тоа, Тевдовски и Заев ја презадолжуваат и раскрчмуваат државата. Се задолжија стотици милиони, а се уште нема ниту еден реализиран нов проект од нивната програма.

Единствено пари за домашни компании има за компаниите на Вице-премиерот на СДС Кочо Анѓушев, кои профитираат милионски суми секојдневно на грбот на граѓаните.

СДС не им го реши ниту проблемот на над 1700 фамилии од фирмите на Еурокомпозит, Колска и Фени Индустри. 1700 фамилии остава на работ на егзистенција, а во јавност продаваат ветер и магла.

Економската политика на СДС крахира. Покачување акцизи, покачување даноци, дуплирање на трошоци за луксузирање на функционерите на СДС, милионски задолжувања, пропаѓаат големи гиганти како Фени, ниту една странска инвестиција не објавила дека ќе инвестира откако е СДС на власт.

Ова се резултатите од 6те месеци работа и владеење на СДС“, изјави Лилјана Затуроска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ќе го добие мандатот, за да формира влада треба во Собрание да помине реорганизацијата на министерствата

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

ВМРО-ДПМНЕ: Доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант – ова е иднината на партијата која на тацна и ја даде државата на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали за 120.000 евра санација на Хирургија која не е направена е колабиран цел здравствен систем

(ВИДЕО) Стоилковски: Директорите да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена

15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски