ВИДЕО: Во февруари или март заедничка седница на српската и македонската влада

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев кажа дека е договорена заедничка седница на двете влади кон крајот на февруари или почетокот на март следната година.

Таа кажа дека посетата на Заев е важна за целиот регион и продлабочување на соработката на двете земји.

– Регионалната соработка и регионалното поврзување е многу важно бидејќи без регионален мир и стабилност нема европски интеграции на Западен Балкан, рече Брнабиќ по состанокот со Заев во Палатата Србија.

Таа рече дека на заедничката седница следната година ќе бидат потпишани неколку важни договори и додаде дека Србија и Македонија ќе се посветат на јакнење на економската соработка помеѓу двете земји.

– Посетата е добар сигнал за сите нас, тоа е добар сигнал дека сите отворени прашања може да се решат со дијалог и тоа е вистинскиот чекор и понатамошното економско поврзување, рече српската премиерка.

Таа кажа и дека на состонокот се фокусирале на унапредување на работата на царината за да се олесни прометот на стоки помеѓу Србија и Македонија, но и големите инфраструктурни објекти како што е завршувањето на Коридорот 10, изградбата на пругата Будимпешта-Белград-Скопје и гасната конекција Врање-Куманово.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези