Поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера, е главен кандидат за победа на претседателските избори, кои паралелно со парламентарните се одржуваат денеска во земјата.
Според светските аналитичари, ослабената економија и другите пропусти на центристичко левичарската Влада на сегашната претседателка на Чиле Мишел Башеле, ги вратија сеќавањата на Пињера, кој функцијата претседател ја напушти со многу лош углед.