Честитка од претседателот Вељаноски по повод Божиќ

Од:

Претседател на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ.

– Дозволете ми, од свое лично име и од името на Собранието на Република Македонија, Вам, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија, како и на сите православни верници на Македонската православна црква во земјата и во странство и на сите христијани, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ, се вели во честитката од претседателот Вељаноски.

Христовото раѓање, се наведува во честитката, е величествениот ден кога целото човештво го здогледа големиот сјај и го означи зачетокот на славењето на љубовта кон Бога, љубовта кон ближните и вреднувањето на животот.

– Денешниот ден нека ни внесе мир и спокојство во нашите срца, добрината секогаш да биде во нас, нека светлината на возљубениот Син, не води понатаму низ животот да бидеме луѓе кои градат вистински христијански вредности, меѓусебно почитување и солидарност. Празникот ни дава можност за оддишка од секојневните обврски како и од сите предизвици и искушенија што ни доаѓаат во пресрет. Ни дава можност мислата да ја посветиме на значењето на работите кои не опкружуваат, на делата кои ги преземаме и кои не прават побиску до Бога, стои во честитката.

Раѓањето на Исус Христос, се посочува, е свет ден на кој треба да помогнеме на сите оние кои страдаат и имаат потреба од љубов, со што ќе ја покажеме добрината и ќе им ја обновиме надежта. Како најрадосен христијански празник Божиќ на сите христијански верници нека им донесе верба, сплотеност и едниство и нека домовите им се исполнат со љубов во семејството и цврста верба.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

(ВИДЕО) Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Предраг Петровиќ