Забрана за движење возила на патот до Средно Водно од наредниот викенд

Од:

Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од наредниот викенд (25 и 26 ноември 2017 година). Одложувањето на оваа експериментална мерка е поради неповолните временски услови што се најавени за наредниве денови и поради техничките прашања околу усогласување на регулативата.

Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

Забраната се планира да важи за време на викендите (сабота и недела) и за време на државните празници.

Оваа забрана нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.

За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно Градот Скопје ќе воведе 2 (две) нови пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно. Едната автобуска линија ќе тргнува од пред катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј, а втората ќе тргнува од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат).

За овие две пробни автобуси линии е најавен следниот возен ред:

25А
Катна гаража Средно Водно

9:20 часот 10:00 часот

10:00 часот 11:00 часот

10:50 часот 12:00 часот

11:50 часот 13:00 часот

12:50 часот 14:00 часот

13:50 часот 15:00 часот

25Б
Цветен пазар (Дом на печат) Средно Водно

9:30 часот 10:20 часот

10:10 часот 11:20 часот

11:10 часот 12:20 часот

12:10 часот 13:20 часот

13:10 часот 14:20 часот

14:10 часот 15:20 часот

Покрај 2. (двете) нови пробни автобуски линии, граѓаните ќе можат непречено да ги користат и двете постојни автобуски линии – линијата со број 25 до Средно Водно и линијата со број 28 до паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“.

Воведувањето на забраната за движење моторни возила на патот до Средно Водно е дел од заложбите на Град Скопје за почист воздух и поздрава животна средина, имајќи го предвид пред се здравјето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно