А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Владата е посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик, кој беше запоставен од владата на ВМРО-ДПМНЕ

by А1он16/11/2017 - 17:2076
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„ВМРО-ДПМНЕ и покрај јасната порака од граѓаните за промени и едно општество за сите, продолжува со своите политики на изолација, поделби и конфликти со што работат против интересите на граѓаните и на државата.

Измените на Законот за употреба на јазиците се во согласност со Уставот на Република Македонија и Амандманот 5 што е донесен пред 16 години. Преку овој закон ќе се унапреди употребата на сите јазици на сите заедници и ќе се стави крај на самоволието и хаосот на употребата на јазиците на немнозинските заедници. Не е точно дека ќе се воведе двојазичност на целата територија, ниту пак дека ќе се дерогира употребата и уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија и во меѓународните односи.

Дополнително, Владата предводена од СДСМ е силно посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик кој во последните години беше запоставен токму од владите на ВМРО-ДПМНЕ. Преку низа мерки како што се одблокирање на лекторскиот испит што е блокиран со години, преструктуирање на Семинарот за македонски јазик во Македонистички центар, формирање одбор за стандардизација на македонскиот јазик и отворање фонд за надградба и актуализација на клучни научни дела од областа на македонистиката, системски и сериозно ќе се влијае врз заштитата и унапредување на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Следете a1on на Youtube YouTube
sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Горан Наумовски21/10/2026 - 16:03

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Горан Наумовски21/10/2026 - 15:59

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Катерина Ѓуровски21/10/2026 - 13:23

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 15:09

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:1619/10/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео